Како да купам

Купувањето во Alpine Sport Online Shop е многу едноставно. Потребно е да направите неколку едноставни чекори додека седите зад својот компјутер и Вашата нарачка ќе биде испратена.

 

ПРОЦЕДУРА ЗА НАРАЧКА

 

Процедурата за нарачка се состои од следниве чекори:

 

1. Најпрвин е потребно да се пријавите/регистрирате овде.

 

2. Одберете го артиклот кој сакате да го купите, потоа задолжително одберете големина и кликнете "КОШНИЧКА" (се наоѓа покрај сликата на производот од десна страна).

 

3. Штом го додадете артиклот во кошничката веднаш ќе Ви биде прикажана страница со содржина на Вашата кошничка. Доколку сакате да продолжите со купување и пронајдете уште некои артикли кои Ве интересираат, кликнете на "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Доколку сакате да исфрлите некој производ од кошничката кликнете на "ИЗБРИШИ".

 

4. Доколку сакате да го завршите купувањето потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање.

 

5. Потоа кликнете на "ПОТВРДА НА НАРАЧКАТА" по што ќе добиете потврда за Вашата нарачка. Набрзо после тоа ќе Ве контактираме телефонски да ја потврдиме нарачката.



БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

 

Испораката на роба купена преку Alpine Sport Online Shop на било која адреса во Република Македонија е ПОТПОЛНО БЕСПЛАТНА. Сите нарачки ги доставуваме преку курирската служба Kurir..



НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

 

Плаќање на нарачаната роба се врши исклучиво при превземање на робата (му плаќате на курирот) која ја доставуваме на саканата адреса.



ВАШЕТО КУПУВАЊЕ Е СИГУРНО

 

Сите артикли на нашиот веб сајт се оригинални и квалитетни. Пред испораката проверуваме дали тоа е нарачаниот производ. Дури по вршење на сите сигурносни проверки, ја праќаме робата на саканата адреса.



ДАЛИ Е МОЖНА ИСПОРАКА НАДВОР ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Во моментов не вршиме испорака на роба надвор од Република Македонија. Лицата кои живеат надвор од Република Македонија, а сакаат да купат некој од производите од асортиманот на Alpine Sport, можат да дадат некоја адреса во РМ (адреса на пријател или роднина) и ние ќе извршиме достава на таа сакана адреса.